полугол | прид.
а) Слабо, недоволно облечен. Гладни и полуголи деца. б) Гол дополу или отполу. Полуголи борачи. Детето истрча во собата полуголо.
полуготов | прид.
Приготвен, подготвен донекаде, во некоја мера. Полуготови производи. Полуготова храна. Полуготов ручек.
полуграмотен | прид.
полудесно | прил.
Меѓу право и десно, во десна насока при движење.
полуди | св.
Стане луд. Старата полуди кога ја чу веста за смртта на синот. Тој полуде откако му пропадна фирмата.
полудневен | прид.
Што се случува во едната половина од денот. Полудневна настава. Полудневна работа. Полудневен излет.
полудува | св.
Лудува малку или кратко време.
полужив | прид.
Донекаде, делумно жив.
полузамижан | прид.
Дополу, донекаде замижан. Полузамижани очи. Полузамижан поглед. Полузамижани трепки.
полузамрзнат | прид.
Дополу, донекаде, нецелосно замрзнат. Полузамрзната храна. Полузамрзнати гранки. Полузамрзнати прсти.