полутопка | ж.

(геогр. ) Половина од Земјината топка северно или јужно од екваторот, источно или западно од гриничкиот меридијан; хемисфера.

полуучен | прид.

Донекаде, нецелосно, делумно учен. Полуучен човек. Полуучени лекции.

полуфинале | ср.

Натпревар во кој се определува учесник или еден од учесниците во финалето. Нашиот тим играше во полуфиналето.

полуфинален | прид.

Што се однесува или што се игра во полуфинале. Полуфинален натпревар. Полуфинална вечер.

полуцилиндар | м.

Не многу висока, црна машка шапка во вид на цилиндар, за свечени пригоди по некогашна мода. Свечено облечени мажи со полуцилиндри на главите. Изветвен полуцилиндар.

полуцрн | прид.

Не чисто црн, донекаде, делумно црн. Полуцрн тен.

получасовен | прид.

Што трае половина час. Получасовен разговор. Полчасовна средба

полчас | м.

Половина час, 30 минути. Помина еден полчас додека да трепнеш.

полјак | м.

Чувар на полето; Селски полјак. На три села по еден полјак беше назначен.