полусфера | ж.

Половина од сфера, од Земјината топка; хемисфера.

полутежок | прид.

Категорија во боксот, боксери меѓу средна и тешка категорија (од 81 до 90 кг). Полутешка категорија.

полутемен | прид.

Во кој добро не се гледа; полумрачен. Полутемен ходник. Полутемна просторија.

полутемнина | ж.

Темнина до некој степен; Стоеја во полутемнината. Таа исчезна во полутемнината на летната ноќ.

полутечен | прид.

До определена мера во течна состојба. Полутечен сапун. Полутечна состојба.

полути 1 | св.

Лути некому малку, кратко време; Нека касне од јадењето, ама ќе му полути.

полути 2 | св.

Лути некого малку, кратко време; Неговите зборови го полутија.

полутинка | ж.

Два еднакви дела од нешто. Го пресече локумот на две полутинки и ја изеде едната полутинка.

полутон | м.

(муз.) Половина тон.