помагало | ср.

Дополнителен прирачник кон учебникот. Учебно помагало.

помагач | м.

Лице што помага. Помагачи на непријателот.

помада | ж.

Вид козметичко средство; Помада за лице.

помазание | ср.

Црковен обред во кој се мачка со миро во вид на крст: при крстење, пред смрт, при крунисување и сл. Извршил помазание над покојникот.

помазаник | м.

Тој над кој е извршено помазание.

помазни | св.

Мазни малку, донекаде. а) За да погали. Го помазни по косата. б) За да израмни. Го помазни чаршафот на масата од сите страни да го исправи оти не беше пеглан.

помак | м.

Македонец што исповеда ислам.

помакедончи | св.

Направи некој да биде Македонец, да се чувствува како Македонец, да прими македонски особини.

помалку | прил.

помама | ж.

Бес, лутина, лудост.