понадвор | прил.

По мала или по голема нужда. Неколку дена не излегол понадвор.

понадебелее | св.

Се надебелее, се поздебели малку или уште малку.

понадебели | св.

Надебели, поздебели нешто во мала мера, донекаде.

понадева | св.

Добие малку надеж; помине во надеж кратко време. За миг се понадева дека ќе се предомисли и ќе се врати.

понади | св.

Донесе, даде понада на болен. Сите дошле да го видат и да го понадат болниот.

понадигне | св.

Надигне, поткрене малку, донекаде или во поголема мера. По неколку дена понадигна глава.

понадмине | св.

Надмине во мала или во поголема мера. Тој се плашеше да не го понадмине во работата.

понадои | св.

Надои, подои малку или уште малку. Го понадои детето и го легна да спие.

понадроби | св.

Надроби уште малку, донекаде. Таа понадроби леб во попарата.