понагласи | св.
Среди, потсреди донекаде, до определен степен.
понагледа | св.
Нагледа, припази, причува малку некого или нешто.
понагмечи | св.
Нагмечи малку, во мала мера. Гредата му ја понагмечи ногата.
понагнете | св.
Нагнете малку или уште малку;
понаговори | св.
Подрече, спомене. Го прати кај попот и му понаговори колку пари ќе треба да понесе. Ги собра селаните да им понаговори да се вооружаат.
понагоди | св.
Среди, потсреди донекаде, до определен степен.
понагости (се) | св.
понагребе | св.
Нагребе во мала мера, донекаде.
понагрее | св.
Нагрее нешто малку, донекаде.
понада | ж.
Храна што се носи при посета на болен. Редовно доаѓаше и носеше понада за болниот.