понакине | св.

Накине, набере нешто уште малку или доволно. Тој понакина од зрелите јаболка и им ги даде.

понакисели | св.

Добие малку киселкав вкус (за зелка и сл.). По извесно време зелката понакисели.

понакисне | св.

Накисне уште малку.

понакоси | св.

Накоси уште малку, во некоја мера.

понакоти се | св.

Се накоти, се намножи. Годинава се понакотија глувци.

понакрка | св.

Нахрани некого во поголема мера; пренајаде некого. Вечерта го понакркаа со секакви јадења.