пообреже | св.

Обреже малку повеќе, до некој степен.

пообремени | св.

Обремени, оптовари во мала мера, до одреден степен.

пообѕирнува | несв.

Гледа наоколу со претпазливост. И обајцата се пообѕирнуваат наоколу, некој да не го слуша нивниот разговор.

пообјасни | св.

Објасни донекаде нешто. Тој му пообјасни каде треба да го бара решението.

поовене | св.

Овене уште повеќе.

пооветви (се) | св.

Оветви во некоја мера. Алиштето ти е пооветвено.

поовладее | св.

Овладее малку, до некој степен. Може да се каже дека дури сега го поовладеа јазикот.

поовлажи | св.

Овлажи малку, донекаде.

пооврши | св.

Оврши малку, донекаде. Житото го поовршивме.

поогладни | св.

Огладни малку, во некоја мера. Вечерта веќе поогладневме.