поогледа | св.

Огледа нешто до некоја мера.

пооглода | св.

Оглода, изгризе нешто во мала мера, донекаде.

пооголи | св.

Оголи нешто во мала мера, донекаде. Ветрот ги пооголи дрвјата.

поограничи | св.

Ограничи до некој степен. Тие настојуваа да го поограничат неговото влијание.

поогребе | св.

Огребе, оструже нешто во некоја мера.

поогрева | несв.

поогрее | св.

Огрее, загрее нешто малку, донекаде. Застана до огнот да си ги поогрее рацете.

поогризе | св.

Огризе, оглода нешто во мала мера.

поодамна | прил.

Од пред многу време, од многу одамна. Со него од поодамна се немаме видено. Тој од поодамна е тука и сигурно ќе знае да ти каже.

поодбегне | св.

Одбегне, избегне малку, донекаде. Кога се заврте, таа беше веќе поодбегнала.