пописка | св.
Писка малку, кратко време. Пописка некое време и замолкна.
попита 1 | св.
(ретко) Пита, проси малку, кратко време. Тој седна пред влезот да попита некоја пара.
попита (се) 2 | св.
попише 1 | св.
Пише нешто малку, кратко време; Седни да попишеш малку, па ќе си играш во дворот.
попише 2 | св.
Направи, изврши попис на нешто. Комисијата му го попиша сиот имот. Тие ќе го попишат населението во селото.
попишка | св.
Офка, лелека од болка некое време.
попишмани | св.
Направи некој да се откаже од својата намера, план и сл., да се предомисли. Тој сакаше веднаш да замине, но јас го попишманив.
попишти | св.
Пишти малку, кратко време.
попиштоли се | св.
попишува | св.
Пишува малку, некое време. Попишува малку и си излезе од училницата.