попивалник | м.
попивателен | прид.
Попивателна хартија.
попивач | м.
Метална или дрвена направа на која е ставена хартија што го впива мастилото.
попивен | прид.
Само во изразот Попивна хартија - хартија што го впива мастилото.
попивка | ж.
Попивна хартија.
попивне | св.
попие | св.
Пие, отпие малку од нешто. Ќе појаде, ќе попие од виното и ќе си замине.
попипа | св.
Пипа нешто малку, површно. За да не го разбуди, внимателно му ја попипа косата.
попис | м.
Попишување на нешто (население, добиток, предмети, имот и сл.) заради регистрирање на нивниот број или количина. Попис на населението. Тие извршија попис на сиот имот во фирмата. Беше извршен попис на добитокот.
пописен | прид.
Што се однесува на попис, на попишување. Пописни комисии. Пописна листа.