поплака | ж.
Изразување незадоволство од некоја неправилност, протестирање против некого или нешто. Сѐ повеќе се слушаат поплаки дека учениците не учат. Тој ги слушаше нејзините поплаки за изгубените муштерии, за должниците.
поплакува (се) | несв.
поплапоти | св.
Плапоти некое време. Ќе дојде, ќе поплапоти и ќе си замине.
попласка | св.
(ретко) поплеска.
поплати | св.
(дијал.) Обложи со постава. Палтото му беше поплатено со шарена постава.
поплаче | св.
Плаче малку, некое време. Кога си дојдов дома, си поплакав и ми олесни.
поплеви | св.
Помине некое време во плевење. Ја поплеви малку градината и си замина.
попленец | м.
Тој што попленува, што плени; разбојник. Дојдоа клети попленци.
поплени | св.
Плени, ограби. Тука не можат да влезат арамии и да ја попленат куќата.
поплеска | св.
Плеска малку, некое време. Го поплеска малку по лицето за да го разбуди. Публиката поплеска со рацете и претставата заврши.