поплет | м.
Таа си обу чорапи опколени со црвени поплети.
поплетарка | ж.
Плетачка.
поплете | св.
Плете малку, некое време. Го зготви ручекот и седна малку да поплете.
поплетка се | св.
Се плетка, се замеша во нешто некое време; Се поплеткав и јас малку во таа работа, но се откажав.
поплеток | м.
поплива | св.
Плива малку, некое време. Вие одете, а јас ќе попливам уште малку.
поплиска | св.
Излива малку, некое време вода или друга течност со силно замавнување. Го поплиска дворот со вода и фати да мете.
поплочен | прид.
Што е покриен, обложен со плочки. Поплочен плоштад. Поплочени скали. Поплочен двор.
поплочи | св.
Покрие, обложи со плочки. Оваа година ќе се поплочи шеталиштето во градот. Тој го поплочи подот во ходникот.
поплука | св.
Плука малку, некое време. Тој сакаше да поплука, ама плунка не му излезе од уста.