попоска | св.
попосле | прил.
Компаратив од после – малку подоцна. Тој им вети дека попосле ќе дојде кај нив.
попослежен | прид.
Подоцнежен.
попости | св.
Пости малку или некое време. И тој попости неколку дена.
попоти се | св.
Се поти малку, некое време. Работата не беше лесна и тој се попоти на врелото сонце.
попоткаже | св.
Поткаже нешто малку или уште малку; потшепне. Кога се сретнавме, тој ми попоткажа нешто за таа работа.
попоткастри | св.
Поткастри малку или уште малку. Тој ја попоткастри живата ограда.
попоткова се | св.
попоткове се | св.
Ги прошири малку своите знаења, се подготви уште малку; се.
попоткопа | св.
Поткопа малку, до определен степен. Надојдената вода ги попоткопа ѕидовите на куќата.