попокрие | св.
Покрие уште малку, донекаде. Ја попокри главата со марамата.
пополека | прил.
Полека, без брзање. Одеа пополека по патот и нешто разговараа.
пополецка | прил.
Пополецка ја отвори вратата и ѕирна во собата.
поползи | св.
Ползи малку, некое време; Оградата беше ниска и тој мораше да поползи, за да не го видат.
пополни | св.
Дополни нешто што недостига, зголеми до потребниот број. Испразнетото место го пополнивме со нов работник.
пополноќен | прид.
Што се случува по полноќ. Пополноќни разговори. Пополноќен воз.
пополнувалка | ж.
Вид загатка, празни полиња што треба да се пополнат со одредени поими; крстозбор.
попомине | св.
Обично за болка, болест – престане да боли силно како порано. По кратко време главоболката ~ попомина.
попопи | св.
попорасне | св.
Порасне, порасте уште малку. Кога попорасна, момчето го пратија в град на школување. Дрвото треба уште малку да попорасте за да даде плод.