попраши 2 | св.

За земја, насад и сл. – помине некое време во прашење. Отиде на лозје да попраши.

попрвин | прил.

Прво, пред сѐ; најпрвин. Попрвин кажете ми зошто сте дојдени.

попребледи | св.

Пребледи малку, во мала мера. Таа се исплаши и попребледи кога го виде.

попреболи | св.

Преболи малку, почне помалку да боли. Попреболи, но сѐ уште се чувствува слаб.

попреброди | св.

Преброди малку, донекаде. Веќе ги беа попребродиле тешкотиите.

попреброи | св.

Преброи нешто малку, набрзина; преброи повторно. Веднаш ги попреброи парите и замина.

попревари 1 | св.

Превари малку. Домаќинката го попревари кафето.

попревари 2 | св.

Престигне малку, донекаде;

попреведе | св.

Преведе текст, говор малку, уште малку. Таа попреведе само дел од говорот и си замина.

попревие | св.

Превие, превитка уште малку, до определен степен. Попревиј го коленото. Ја попревитка хартијата и ја залепи.