поправлив | прид.
Што може да се поправи. Има грешки поправливи и непоправливи.
поправо | прил.
Во суштина, навистина, поточно, всушност. Поправо, тој воопшто немаше видено меч. Тој беше сега опфатен само од една мисла, поправо речено од еден лош страв. Тој раскажуваше на делови, поправо раскажуваше само за тоа што му се допаѓаше.
поправува (се) | несв.
поправувач | м.
попраг | м.
Појас, ремен за стегање на седлото, на самарот на добитокот. Тие му го наместија самарот на коњот и му го врзаа попрагот.
попражи | св.
Стави попраг; опаше со попраг.
попразнува | св.
Празнува, слави малку, кратко време. Денес ќе попразнуваат, а утре е работен ден.
попрати | св.
Придружи некого до некаде; испрати 3. Тој ја попрати до дома. Детето го попратив војник.
попраша | св.
Праша некого; потпраша. Тој ги попраша за патот.
попраши 1 | св.
Покрие, потури со прав; крене прав; запраши 1, напраши.