попрележи | св.

Помине извесно време во лежење; прилегне 2. Тој попрележа малку на креветот и стана.

попрелиста | св.

Прелиста малку, површно. Тој попрелиста уште некоја страна од книгата и ја затвори.

попремавне | св.

Премавне малку, во определен степен. Тие ги попремавнаа слабостите.

попремали | св.

Премали малку. Нозете му попремалеа од долгото одење.

попремери | св.

Премери нешто уште малку; премери_1_2 Го попремери штофот и фати да го крои.

попремести | св.

Премести малку некого или нешто; Таа го попремести столот за да може да седне.

попремисли | св.

Мисли, размисли уште малку;

попремолчи | св.

Премолчи малку нешто; Тој му кажа за средбата, но за разговорот му попремолчи. Сакаш уште нешто да каже, но попремолчи.