попремости | св.

Премости, преброди нешто (тешкотии и сл.) до определен степен. Тие ги попремостија сите недоразбирања.

попремрежи ми (ти му...) се | св.

За очи, поглед – стане малку нејасен; Погледот му се попремрежи.

попреора | св.

Преора малку. Тој ја попреора нивата.

попрепали | св.

Препали, исплаши малку, во помала мера ; Вратата силно тресна и ме попрепали.

попрепече | св.

Пече малку повеќе отколку што треба;

попрепира се | св.

Се препира малку, некое време; се

попрепише | св.

Препише малку, дел од напишан текст;

попреполни | св.

Наполни малку повеќе од потребното; Тој им ги попреполни чашите.

попреправи | св.

Направи малку на поинаков начин, изврши мала промена; преправи Таа го попреправи малку фустанот и сега изгледаше како нов.

попрепречи | св.

Препречи малку, во определен степен, донекаде. Луѓето му го попрепречија патот.