пораѓа | несв.

Укажува помош, помага некому при пораѓање, раѓање.

порева се | несв.

Се тетерави, се ниша, се препина при одот. Едни одеа право и пополека, други кривулеа и се пореваа.Се пореваше како пијан.

поред | прил.

По ред, едно по друго. Три дена поред врнеше.

поредбен | прид.

пореди | св.

Стави во ред, едно по друго, нареди. Тој ги пореди книгите по големина.

поредница | ж.

Во народниот говор – широко распространета заразна болест од која заболеле поголем број луѓе; епидемија. Црна чума поредница.

поредок | м.

Установен систем на правила и прописи според кои се извршува нешто; општествено, државно уредување, режим. Капиталистички поредок.