порасчлени | св.

Расчлени нешто малку, донекаде. Тие го порасчленија тоа прашање.

порасчуе се | св.

Се расчуе малку, донекаде. Веста се порасчу низ целиот град.

порача | св.

Направи порачка; нарача. Домаќинот порача кафе.

порачка | ж.

Барање, налог со кој нешто се порачува; тоа што е порачано, нарачка; порача За сите информации и порачки обратете се до администрацијата. Брзаше да ја изврши порачката на гостинот.

порачувач | м.

Тој што порачува, нарачател.

порашета | св.

Прошета малку, некое време. Тој порашета низ собата, па седна.

порашие | св.

Рашие, распара малку, донекаде. Шевот на ракавот му беше порашиен.

порашири | св.

Рашири уште малку, малку повеќе. Наставникот им рече да го порашират кругот.