поттурне | св.
Турне малку, во мала мера. Само го поттурнав и тој падна.
потулен | прид.
Изгаснат, угаснат. Потулено кандило.
потули | св.
Изгасне, угасне. Го потули кандилото.
потупа | св.
Тупа, тупка во мала мера, малку време. Го потупа по рамото.
потупоти | св.
Тупоти малку, кратко време. Децата потупотија низ собата и излегоа.
потур | м.
Христијанин што примил ислам, што се потурчил; потурјак, потурнак.
потура | несв.
Истура, посипува вода некому да се измие. Му потура вода на свекорот.
потури | и.
Вид селска облека од дебело сукно. Гостите беа облечени во црни, скапи потури.
потури | св.
Полие, истури (обично вода) некому да се измие. Потури му вода да си ги измие рацете.
потурка | ж.