поттик | м.

Подбуда, стремеж, стимул кон нешто. Благороден поттик.

поттикне | св.

Даде поттик за нешто; подбуди. Успехот на првата книга го поттикна да напише друга.

поттикнувач | м.

Тој што поттикнува некого или нешто. Главните поттикнувачи на штрајкот ќе бидат казнети.

поттикнувачки | прид.

Што се однесува на поттикнувач. Поттикнувачки намери.

потточка | ж.

Посебна точка изделена во рамките на поопшта точка при распределба на содржината на текст. Секоја точка на општиот план содржи неколку потточки.

поттргне | св.

Тргне, помести, придвижи малку.

поттропне | св.

Тропне малку, тивко. Поттропнав на вратата. Поттропна со нозете.

поттура | несв.

Подметнува, потклава нешто. Му поттураа мали трупчиња за да стои право.

поттури | св.

Подметне, поткладе нешто. Кукавицата гледа кому ќе му ги поттури своите јајца.

поттурнат | прид.

Глаголска придавка од поттурне.