поувеличи | св.

Увеличи малку или уште малку.

поувери | св.

Увери некого малку или уште малку.

поугасне | св.

Угасне малку, направи да не гори, да не свети толку силно. Поугасни го огнот.

поугоди | св.

Угоди малку или уште малку.

поугори | св.

Угори, усвити, зажари малку.

поудира | св.

Удира малку, кратко време.

поуедначи | св.

Уедначи малку, донекаде.

поужива | св.

Ужива малку, кратко време. Време е и јас малку да поуживам.

поузрее | св.

Узрее малку, уште малку, донекаде. Не кини ги крушите, остави ги нека поузреат!