потчинет | прид.

Што работи по заповедите од друг, под команда на претпоставен. Јас сум му потчинет.

потчини | св.

Стави под своја власт, освои, покори. Сојузниците ја потчинија територијата што ја контролираше непријателот.

потчуе | св.

Чуе нешто, малку; потслушне. Сум потчул за него. А и ти си потчула?

потчукне | св.

Чукне малку или не силно. Потчукна со ногата.

потшепне | св.

Шепне, поткаже тивко, дошепне нешто. Јас не знаев, тој ми потшепна.

потшива | несв.

потшие.

потшие | св.

Сошие одоздола; подраби. Потшиј го ракавот на палтото!

потшушне | св.

Шушне малку. Во грмушката нешто потшушна.

поубеди | св.

Убеди, увери некого малку, во некоја мера.

поублажи | св.

пооблажи.