поуплаши | св.
Уплаши некого малку, донекаде.
поупрости | св.
Упрости, поедностави малку, донекаде. Ја поупростиле процедурата.
поуреди | св.
Уреди, доведе во ред малку, донекаде.
поусами | св.
Усами, осами малку, донекаде.
поусвити | св.
Усвити малку или уште малку, донекаде.
поусвои | св.
Усвои нешто малку или уште малку.
поусили | св.
Усили малку повеќе.
поусложни | св.
Направи нешто да биде донекаде посложено. Неговото доаѓање ја поусложни ситуацијата.
поусоврши | св.
Усоврши уште малку; доусоврши. Сега го поусовршил моторот.
поуспокои | св.
Успокои, смири донекаде. Тоа го поуспокои.