поусрами | св.

Усрами малку, донекаде.

поустрои | св.

Устрои, уреди, организира малку, донекаде.

поусуче | св.

Усуче нешто (конец, предено и сл.), малку, донекаде.

поутеши | св.

Утеши некого малку, донекаде.

поуточни | св.

Уточни малку повеќе. Сега поуточни ја формулацијата.

поучен | прид.

Што дава, што содржи поука. Поучна книга. Поучни примери.

поучи 1 | св.

Даде поука; посоветува некого за нешто. Старите треба да ги поучат помладите.

поучи 2 | св.

Учи малку, кратко време. Поучив математика.

пофалба | ж.

Убаво мислење, позитивна оцена за некого или за нешто искажана со зборови. За пофалба е неговиот став.