поцрпи | св.

Црпи малку, кратко време.

поцрта | св.

Црта малку, кратко време.

поцрцори | св.

поцвркоти.

поцути | св.

Цути малку, кратко време. Црешата ќе поцути уште некој ден.

почади | св.

Чади кратко време. Оџакот почади некое време.

почва | ж.

Површински слој на земјата во кој се развива животот на растенијата. Состав на почвата. Обработлива почва.

почвен | прид.

Што се однесува на почва; што ѝ припаѓа на почвата. Почвената радиоактивност има влијание врз растенијата.

почек | м.

Одложено плаќање во трговијата; продадената и земената стока се плаќа подоцна, со чекање извесно време. Од продавницата ми рекоа дека може на почек да купувам.

почека | св.

Чека малку, некое време. Го почекав пред влезот на зградата.