поцвичи | св.

Цвичи малку, кратко време.

поцвркоти | св.

Цвркоти малку, кратко време. Врабецот поцвркоти на гранката и летна.

поцеди | св.

Цеди малку, кратко време.

поцепи | св.

Цепи малку, кратко време.

поцимоли | св.

Цимоли, плаче малку, кратко време.

поцинкува | св. и несв.

Обложи со тенок слој цинк. Поцинкувани предмети.

поцица | св.

Цица малку, кратко време.

поцрвени | св.

Направи црвен, бојадиса со црвена боја. Ја поцрвенил оградата.

поцрни | св.

Направи црн, бојадиса со црна боја. Тој ги поцрни рацете со јаглен.