почиракува | св.
Поработи некое време како чирак.
почисти | св.
Чисти малку, кратко време.
почит | ж.
Чувство на уважување кон некого. Чувствувам длабока почит кон тебе. Остануваме со почит.
почита | св.
Чита малку, кратко време. Почита и заспа.
почитува | несв.
Чувстува, изразува почит. Многу ве сакам и ве почитувам.
почитуван | прид.
Што ужива почит, што уважува (во јавно или директно обраќање). Почитуван колега. Почитувани гости.
почитувач | м.
Тој што има почит кон некого или нешто. Тој е голем почитувач на уметноста.
почкрипи | св.
Чкрипи малку, кратко време. Гумите од автомобилот почкрипија.
почкрта | св.
Чкрта малку, кратко време. Тој почкрта со кредата на таблата и си седна.
почмае | св.
Чмае малку, кратко време.