почне | св.

Тргне од почеток, пристапи кон некое дејство; започне. Тој почна силно да плаче. Градината почна да цвета.

почува | св.

Чува некое време. Го почувавме ранетиот кај нас.

почувствува | св.

Осети нешто; Почувствува болка во градите.

почуден | прид.

зачуден. Најпосле тој, почуден од таа чудна недоумица, се реши да праша.

почуди | св.

зачуди. Ме почуди неговото држење.

почуе | св.

почука | св.

Потропа; потапка. Некој тивко почука на вратата. Тој го почука по рамото.

почукне | св.

Чукне малку; потчукне.

почури | св.

Чури малку, некое време. Оџакот почури малку.

почурулика | св.

Чурулика малку, некое време. Птиците почуруликаа и летнаа кон небото.