поштукне | св.

Исчезне, се изгуби. Ми го поштукна ножето.

поштура се | св.

Денгуби, се вртка, се влече без работа некое време. Се поштура цел ден низ градот без работа.

поштури | св.

Направи или стане штур; избезуми.

поштутка се | св.

Се штутка малку, некое време.

пошумен | прид.

Што е насаден, покриен со шума. Пошумен рид.

пошуми 1 | св.

Покрие со шума голи пространства. Учениците го пошумија ридот.

пошуми 2 | св.

Шуми, бучи малку, кратко време.

пошумоли | св.

пошуми2.

пошурка 1 | св.

Шурка, пребарува, претура малку, кратко време.

пошурка 2 | св.

Потече малку, кратко време.