поштеди | св.

Заштити, зачува некого од тешка работа, преголем напор и сл. Тој им го поштедил животот.

поштен | прид.

поштенски | прид.

Што се однесува на пошта; што ѝ припаѓа на поштата. Поштенска марка. Поштенски жиг. Поштенско сандаче.

пошти | несв.

Чисти некому глава од вошки и сл. Ги поштев децата.

поштипе | св.

Штипе малку, кратко време.

поштипне | св.

Штипне малку, еднократно, еднаш. Тој го штипна детето.

поштозашто | прил.

Премногу евтино, речиси за ништо. Ја продал кравата поштозашто

поштрака | св.

Штрака (со нешто) малку, кратко време.

поштук | м.

Траг, спомен (обично во фрази). Поштукот му го нема. Поштукот не му се знае. Нема поштук од него.