поќути | св.
поџавка | св.
Џавка, лае некое време. Кучето поџавка пред портата.
поџаволи | св.
Џаволи малку, некое време. Детето поџаволи и замолче.
поџагори | св.
Џагори малку, некое време; повреви. Остави ги нека поџагорат, ќе им помине.
поџари се | св.
Се џари малку, кратко време. Тој се поџари во девојката и си замина.
поџбара | св.
Џбара малку, некое време. Детето поџбара во џебот, но не го најде тоа што го бараше.
поџвака | св.
Џвака малку, кратко време. Поџвака малку од лебот.
поџивка | св.
Џивка малку, кратко време. Врапчињата поџивкаа на гранката и летнаа.
пра- | претс.
Претставка за образување именки и придавки со значење: а) Степен на родство по нагорна или надолна линија (прабаба, прадедо, правнук). б) Првобитност, примарност, најголема старост на тоа што е именувано со основата (прајазик, праоснова, прататковина, прачовек).
прабаба | ж.
Мајка на баба или дедо. Мојата прабаба уште е жива