прав | м.

Множество од многу ситни честички, од органско и неорганско потекло, кои поради својата мала тежина лесно се движат во воздухот и паѓаат на површината. Тутунов прав. Децата играа во правта. Не кревај прав! Од ветрот се кренаа правови.

прав | прид.

Што не е искривен, свиткан, што нема кривини, рамен; крив. Права линија. Права улица. Права коса.

права | ж.

Рамна, права, неискривена црта, линија. Нацртај една права и една крива. Паралелни прави.

правач | м.

(разг.) Тој што прави нешто. Правач на буриња.

правда | ж.

Тоа што секому припаѓа според определен закон или заслуга; законитост, справедливост, правдина. Божја правда. Бара правда. Министерство за правда.

правдина | ж.

правда_1 Овде нема правдина.

правдољубец | м.

Тој што ја сака, што ја брани правдата. Чорбаџијата беше познат како правдољубец.

правдољубив | прид.

Што ја сака, што ја брани правдата. Правдољубиви луѓе.

правдољубие | ср.

Љубов кон правдата. Беше позната по своето правдољубие.