прашница | ж.
Горниот дел од прашникот, во форма на торбичка, во кој се создава цветниот прашец. Жолта прашница.
прашок | м.
Многу ситни честички од некоја тврда материја во облик на прав. Прашок за перење. Прашок за печиво. Купи лек во прашок. Ја запраши почвата со прашоци.
прашти | св.
(обично со заменската форма ‒ ја) Избега. Уште во темни зори ја прашти.
праштило | ср.
Сукана врвка (на торба, скутник и сл.). Детето ја фати баба си за праштилото на скутникот.
прашува | несв.
прашума | ж.
Густо обраснат и непрооден шумски предел во тропските и суптропските области; џунгла. Авионот се урна во амазонската прашума.
прашумски | прид.
Што потекнува, што е дел од прашума, што се однесува на прашума. Прашумски растенија.
Праја | ж.
Главен град на Република Зелен ’Рт.
прајазик | м.
Прастар јазик, заеднички за група сродни јазици и теориски установен врз основа на споредувањето меѓу тие јазици. Индоевропски прајазик.
прајазичен | прид.
Што се однесува на прајазик. Прајазични форми.