прашен | прид.

Што е покриен со прав, полн со прав. Прашен мебел. Прашна книга. Прашни чевли.

прашест | прид.

Што е како прав. Прашеста материја.

праши 1 | несв.

Крева прав, потура некого или нешто со прав. Таа го прашеше тремот кога ги тресеше покривките.

праши 2 | несв.

Копа земја со прашалка, ситнејќи ја и отстранувајќи непотребни штетни растенија. Старецот го прашеше лозјето. Таа ја прашеше градината со мотиче.

прашинка | ж.

Елемент, честичка од прав. Во окото ми влезе прашинка.

прашковиден | прид.

Што е во вид на прав. Прашковидни препарати.

прашлив | прид.

Прашливо стакло. Прашливи патишта.

прашник | м.

Дел од цветот што се состои од дршка, прашница и цветен прав и го претставува машкиот дел од цветот. Прашниците имаат форма на конус.