пребој | м.

Крупно мелено брашно што се користи за исхрана на добитокот. Донесе една вреќа брашно и една вреќа пребој.

пребојадиса | св.

Бојадиса повторно, уште еднаш. Ја пребојадиса сета волна.

пребргне | св.

Се помири, свикне, стане рамнодушен на нешто; отрпне. Пребргнал од неубавини. Пребргнал од болка.

пребрго | прил.

Многу, премногу брго, бргу; пребрзо. Се движеше пребргу

пребрз | прид.

Што е премногу брз. Пребрз развој. Пребрзи заклучоци.

пребрише | св.

Избрише, исчисти со бришење. Пребриши ги книгите на бирото.