пребледнее | св.
преблизу | прил.
На премало растојание, многу близу. Застана преблизу до линијата.
пребликне | св.
За течност ‒ прелее преку висината на садот. Не турај повеќе, да не пребликне.
пребогат | прид.
Што е премногу богат, што има многу голем имот, пари. Пребогат старец.
пребои | св.
Обои повторно, уште еднаш. Ја пребои оградата.
пребол | м.
Преболување, прежалување. Рана без пребол.
пребола | ж.
преболи | св.
Оздрави, заздрави, закрепне. Откако преболел, му се вратил на стариот живот.
преболник | м.
Тој што преболел некого или нешто. Млад преболник.
пребори се | св.
Се бори повторно, уште еднаш. Тој сакаше уште еднаш да си ги одмерат силите, да се преборат.