преводен | прид.

Што се однесува на превод. Преводна литература.

преводлив | прид.

Што може да се преведе од еден на друг јазик; Преводлив поим. Преводливи песни.

превоз | м.

Пренесување, транспорт на патници или стока со помош на превозно средство. Превоз на патници. Авионски превоз. Автобуски превоз.

превозвишеност | ж.

Титула на висок достоинственик на католичката црква. Ваша превозвишеност.

превозен | прид.

Што служи за превоз, што се однесува на превоз. Превозно средство. Превозни трошоци.

превозмогне | св.

Преброди, надвие, надрасне нешто. Тој се труди да ги превозмогне предрасудите на своето време.

превознесе | св.

Премногу, претерано истакне, пофали некого. Тие го превознесоа најдобриот ученик.

превозник | м.

Тој што превезува, што врши превоз на патници или на стока. Работи како превозник.