превооружи | св.

Вооружи некого со ново и подобро оружје. Новиот командант ја превооружи целата бригада.

превоспита | св.

Воспита поинаку, на друг начин, промени нечие воспитување. Се трудеше да го превоспита детето.

превоспитание | ср.

Свесно дејствување за промена на веќе добиеното воспитување, однесување. Програма за превоспитание.

превоспитувач | м.

Лице што превоспитува некого.

превосходен | прид.

Одличен, извонреден, најдобар. Превосходен учител. Превосходна идеја.

превосходство | ср.

Надмоќ, предност. Сакаше да го покаже своето превосходство над другите.

превој | м.

превал, превалец.

преврат | м.

Остра, ненадејна промена во текот или развојот на нешто; пресврт, прелом. Преврат во душата. Преврат во науката.

превратен | прид.

Што се однесува на преврат; што води кон преврат; преврат 2. Во неговиот говор има превратни елементи.

превратник | м.

Тој што учествува во преврат_2 Воен превратник.