прекуморски | прид.
Што е од далечни земји, преку море, отаде море. Прекуморска трговија. Прекуморска земја. Прекуморски бродови.
прекуноќ | прил.
Во текот на ноќта. Прекуноќ скита.
прекуокеански | прид.
Што е од преку океанот; што е за пловење преку океанот. Прекуокеански земји. Прекуокеански брод. Прекуокеанска пловидба.
прекупат | прил.
Преку патот, отаде патот. Прекупат застана со двајца селани.
прекупец | м.
Тој што купува стока за да ја препродаде; препродавач. Стоката ја купуваат прекупци и ја препродаваат на дуќан. Прекупците ги купуваат доматите по пет денари, а ги продаваат по дваесет.
прекупи | св.
Повторно купи нешто што е продадено, купи нешто од тој што препродава, купи за препродавање. Тука се збираа трговците што правеа прекупи и препродај секакви стоки.
прекупрст | м.
Вид рачно шиење преку прст, зад игла.
прекупувач | м.
прекуред | прил.
Без ред, не по ред. Тие што влегоа прекуред си ја завршија работата.
прекуридски | прид.
Што е од преку рид, што се наоѓа преку рид. Прекуридски села. Прекуридски овци.