прексиноќен | прид.

Што се однесува на прексиноќа. Прексиноќен разговор.

прекуброен | прид.

Што е преку предвидениот, над определениот број. Еден е прекуброен и треба да си оди.

прекувремен | прид.

Што се прави преку определеното време, надвор од утврденото време. Прекувремена работа.

прекуглава | прил.

Преку главата. Ја навре блузата прекуглава.

прекуден | прил.

Во текот на денот. Прекуден продава живина и јајца.

прекука | св.

За кукавица – престане да кука. Кукавицата кука, кука и прекука.

прекум | прил.

прекумера | прил.

Надвор, повеќе од мерата. Задолжен е прекумера.

прекумерен | прид.

Што ја преминува мерата, што е во големо количество. Работниците ги чекаше прекумерна работа.

прекуморец | м.

Лице од прекуморска, далечна земја.