прелукав | прид.

Што е премногу лукав. Прелукаво чедо.

прелут | прид.

Што е премногу, претерано лут. Прелути пиперки. Прелута ракија.

прелути | св.

Престане да лути. Од пиперката одвај му прелути.

премава | св.

Обично во игра – повторно мавне, повтори удар. Му дозволија да премава на кошот.

премавне | св.

Совлада, надмине, отстрани. Ги премавна тешкотиите.

премажи | св.

Направи жена повторно да стапи во брак. Вдовицата ја премажија во соседното село.

премаз | м.

Лак, боја за премачкување.

премал | прид.

Што е премногу мал. Премал прозорец. Бев премал за во училиште.

премален | прид.

Што е исцрпен од глад, од работа и сл. Премален старец. Премален од работа.

премали | св.

Се исцрпи, се премори, папса, стане премален. Премалев од одење. Премалеа од работа.