прелисти | св.
преличен | прид.
Што е премногу личен, преубав. Лична и прелична невеста.
прелка | ж.
(дијал.) Жена или девојка што преде, предачка.
прелог | м.
Нива оставена неорана да прележи. На прелозите пасат овци.
прелока | св.
Претера со пиење, препие. Ноќеска се напил и прелокал.
прелом | м.
Остра промена, пресвртница. Се случи прелом во работата.
преломен | прид.
Што е одлучувачки, решавачки. Преломна година. Преломен миг.
преломи | св.
прекрши.
прелуга | ж.
Премин во бавча, нива, ливада што обично се затвора со трн.
прелудиум | м.
Воведен дел од музичко дело.