препад | м.
Ненадеен напад. Ги заробија на препад.
препакува | св. и несв.
Спакува, пакува одново и поинаку. Го препакував подарокот.
препала | ж.
Љубов, љубовна мака, Ој девојко, ергенска препала.
препален | прид.
Што е многу уплашен. Препален од ѕверот.
препали се | св.
Се уплаши многу. Се препали од волкот на патот.
препарат | м.
Подготвена смеса во лабораторија за испитување.
препаратор | м.
Лице што се занимава со препарирање.
препарира | св. и несв.
Заштити, заштитува со посебна биохемиска постапка, тело на животно или на растение во природен изглед. Во музејот препарирале птици од нашето поднебје. Ние препариравме билки за во хербариум.
препашало | ср.
Тоа што се препашува.
препаше | св.
Обвитка околу половина, обложи, стегне; На глава носеа шамии со унечки препашани. Жените ќе се променат, ќе препашат унечки.