преосвештен | прид.
Епитет за епископ. Преосвештениот епископ.
преосвештенство | ср.
Обично со заменските придавки ваше, негово, нивно – титулирање на епископ. Ваше преосвештенство!
преосетлив | прид.
Што е претерано чувствителен. Тој е преосетлив на новите лекови.
преосмисли | св.
Осмисли одново, поинаку, даде на нешто друга смисла. Ја преосмисли неговата изјава.
преостане | св.
Остане од нешто. Преостана малку од вечерата.
преостар | прид.
Што е претерано остар. Преостар молив. Преостар напад.
преоцена | ж.
Ново оценување, нова оцена на нешто оценето.
преоцени | св.
Оцени одново, повторно. Ги преоцени тестовите.
преоѓа | несв.
преоѓалиште | ср.
Место за преоѓање, премин.