препече | св.
Испече повеќе од што треба. Препече леб. Препече месо.
препечен | прид.
Што е испечен повеќе од што треба. Препечена корка леб.
препеченица | ж.
препејувач | м.
Тој што препејува, што прави превод, препев на поетски труд.
препие | св.
Даде некому да испие прекумерно, повеќе од што може да поднесе (обично алкохол).
препили | св.
Пресече, раздели сечејќи со пила.
препина се | несв.
препира се | несв.
Се расправа со некого, спори. Другарите се препираа за фудбалскиот натпревар.
препирка | ж.
Кавга, расправија, спор.
препис | м.
Препишан текст од друг текст; копија од оригинал (на документ и сл.). Тоа бил препис од постар ракопис. Заверен препис на диплома.