преписка | ж.
Размена на писма, допишување со некого; писмата од такво допишување. Нивната преписка е зачувана.
препише | св.
а) Повторно напише некој текст. Учениците ги препишаа задачите од таблата. б) Напише текст, реши задача, тест (на испит) гледајќи кај друг.
препишувач | м.
Лице што препишува;
препишувачки | прид.
Што се однесува на препишувач. Препишувачка школа.
препка | ж.
Подметната нога или друга пречка за препнување, сопка. Без препка да ме кутнеш, ако можеш! Препка сламка да ти стане, та нога да скршиш!
преплави | св.
Покрие, исполни површина на нешто со вода, поплави. Нивите ги преплави надојдената река.
преплакне | св.
Одново исплакне. Ги преплакна сите садови.
преплати | св.
Плати повеќе од што треба. Му платив добро и му преплатив за работата.
преплаче | св.
Престане да плаче.
преплаши | св.
Многу уплаши некого. Го преплаши на смрт.