пресбиро | ср.
Биро, оддел за давање информации на печатот при амбасада, претставништво, влада, конгрес и сл.
пресвет | прид.
(црков.) Епитет кон зборовите што означуваат божество или религиозен култ. Пресвета Богородица. Пресвето Тројство.
пресветли | прид.
При обраќање – епитет, титула на световни и други великодостојници. Пресветли царе! Пресветли владико!
пресветлост | ж.
Титула на великодостојник. Ваша пресветлост!
пресвие | св.
Искриви, превие. Пресвие снага.
пресвири | св.
Престане да свири. Нека ви амка некоја жена над главите за да ви пресвират ушите.
пресвитка (се) | св.
пресврт | м.
Нов правец, промена во текот, во развитокот на нешто; нагла промена во некоја состојба. Дојде до пресврт во економскиот развој. Историски пресврт во земјата.
пресвртен | прид.
Што се однесува на пресврт, што предизвикува пресврт, промена. Пресвртни времиња. Пресвртен момент. Пресвртнички години.
пресврти (се) | св.